
Чиста Енергијаод Природата
Висококвалитетно сончогледово масло создадено за секојдневна употреба во готвењето и за професионална намена.





ЗА НАС
Нашата Експертиза
Ние сме посветен производител на висококвалитетно сончогледово масло од прецизно селектирани суровини од највисок квалитет. Нашиот производствен процес се темели на бескомпромисен пристап кон квалитетот,технолошка прецизност и почит кон природните состојки.
Од внимателниот избор на семето до финалното полнење, секоја фаза од производствениот процес се одвива под строг надзор, со цел да се обезбедат исклучителна чистота, стабилност и конзистентни перформанси — како во домашната кујна, така и во професионалното гастрономско опкружување.
Нашата мисија е јасна — да создадеме масла што не само што ги исполнуваат највисоките стандарди, туку и поставуваат нови мерила за квалитет и доверба.
Како потврда за нашата посветеност, ние сме единствената фабрика за масло во Македонија со имплементиран IFS сертификат — меѓународно признат стандард за безбедност и квалитет на храна.
500+
Деловни Партнери
20
Извозни Пазари
200MT
Рафинирано на ден

Нашите производи

Сончогледово масло рафинирано
ПЕТ шишиња од 850мл

Сончогледово масло рафинирано
ПЕТ шишиња од 905мл

Сончогледово масло рафинирано
ПЕТ шишиња од 1Л

Сончогледово масло рафинирано
ПЕТ шишиња од 4750мл

Сончогледово масло рафинирано
ПЕТ шишиња од 5Л

Сончогледово масло рафинирано
ПЕТ шишиња од 10Л

Од производство до испорака
Сеопфатно решение за рафинирање, пакување и транспорт на масла во големи количини. Дизајнирано за индустриско производство и меѓународна дистрибуција, со инфраструктура што обезбедува сигурност, ефикасност и усогласеност со највисоките стандарди за прехранбени производи.

Повеќе формати шишиња
850 мл – 10 Л безбедно пакувано

Висок производствен капацитет
До 100 тони на 24 часа

Транспорт со цистерна
Безбедна испорака на масла во големи количини- рефус

ФЛЕКСИТАНК систем
Меѓународен транспорт за храна

Повеќе формати шишиња
850 мл – 10 Л безбедно пакувано

Висок производствен капацитет
До 100 тони на 24 часа

Транспорт со цистерна
Безбедна испорака на масла во големи количини- рефус

ФЛЕКСИТАНК систем
Меѓународен транспорт за храна

Опции за пакување

ISO-сертифицирани танк-контејнери обезбедуваат безбеден и ефикасен транспорт на масло-рефус. Дизајнирани специјално за течности во прехранбената индустрија, тие обезбедуваат безбедна испорака на регионални и меѓународни рути.

Специјализирани танкерски бродови овозможуваат меѓународна испорака на јадливо масло во големи количини, под строги стандарди за квалитет и безбедност.

Висококвалитетни резервоари од нерѓосувачки челик обезбедуваат безбедно и хигиенско чување на јадливото масло. Со контрола на температурата и сертификат за прехранбена употреба, го одржуваат квалитетот на производот во секоја фаза.



